Хит меме: Марк Закерберг со лице прекриено со крем за сончање си сурфа на Хаваи, на даска од 645.000 денари
- Детали
- вторник, 21 јули 2020
Го нарекоа и кловн и плашило, основачот на Фејсбук претера со заштитата од сонце на лицето и стана хит на Твитер.
Марк Закерберг е фотографиран додека сурфа на Хаваи на неговата електрична даска од 645.000 денари.
Облечен во дуксер и со бело лице од дебел слој на крем за сончање, 36-годишниот основач на Фејсбук изгледа навистина чудно.
Тој очигледно презема сериозни мерки за сонцето да не направи оштетување на неговата кожа.
Инаку, локалците на хавајскиот остров Кауи му порачуваат на милијардерот да престане да ја тероризира нивната земја, откако тој тужеше некои од локалните жители за да изгради огромна вила на нивната земја.
Марк со својата сопруга Присила купи земјиште на Кауи уште во 2014 година.
Таму престојува со неа и со нивните две ќерки, но додека суфаше го придружуваше само човек од неговото обезбедување кој седеше на бротче.
На сметка на изгледот на Марк Закреберг осамнаа многу шеги:
https://twitter.com/lynnv378/status/1285019174067146753
https://twitter.com/dwj1965/status/1285004279514890241
https://twitter.com/Nick_2440/status/1285152441412005888
https://twitter.com/Captain_Subpar/status/1285345354771202052
https://twitter.com/TheJaseLife/status/1285129802933063680
https://twitter.com/PhlegmaticCat/status/1285198130095497216
https://twitter.com/dwfilm_/status/1285139143580954624
https://twitter.com/steventphoto/status/1285020843609862147
Фотки од Марк Закерберг:
С. С. | Црнобело