Криси Тајген се збогува со имплантите со торта во форма на гради (фото)
- Детали
- среда, 17 јуни 2020
Во 2006-та Криси Тајген си ставила импланти на градите со надеж дека ќе ѝ помогнат во кариерата. Пред некоја недела таа откри дека сега одлучила да ги отстрани.
Сепак, во март годинава Криси изјави дека ѝ е страв од оваа операција, најмногу бидејќи има деца.
„Си ставив импланти кога имав 20-тина години, најмногу за фотографиите со костими за капење. Си помислив дека ако позирам легната на грб, ќе сакам градите да ми изгледаат полно. Но потоа имате деца и тие се полнат со млеко и се 'издишуваат' и сега сум во тесно“, изјави Криси во едно интервју.
„Кога имате деца размислувате за ризиците од операцијата, па си помислив ’Не сакам да умрам вака, за време на операција на градите‘“.
До месец мај Криси веќе ја донесе одлуката и ја соопшти веста на Instagram.
Минатата недела таа сподели дека операцијата поминала одлично, а се пофали и со картичките што ги добила од нејзините деца.
Луна ѝ направила картичка на која напишала „Со среќа вадењето на градите. Чао гради“
Сега Криси е дома и закрепнува од операцијата, а во меѓувреме нејзините пријателки ѝ приредиле пресмешно изненадување. Тие ѝ донеле торта во форма на гради, на која има и надгробна плоча. На некој начин, тие одржале погреб за нејзините импланти.
Дефинитивно најоригиналното изненадување што можат да ви го приредат после ваква операција.
Погледнете и Џон ја трезнел после Греми наградите - Помалку познати факти за бракот на Криси Тајген и Џон Леџенд.
Спирова С. | Црнобело