„Сакам да можам да си го закопчам фустанот“ – Криси Тајген ги отстранува имплантите на градите
- Детали
- среда, 27 мај 2020
Во интервју годинава, Криси откри дека направила операција на градите кога имала 20 години. Сега, пак, таа им соопшти на фановите дека ќе ги отстранува имплантите.
Криси ги сподели новостите со топлес фотографија на Instagram, со опис:
„Здраво, здраво! Објавив како правам ковид тест на Twitter бидејќи наскоро ќе правам операција. Разбирливо е што многу луѓе се љубопитни, па само ќе кажам: си ги вадам градите!
Беа одлични за мене неколку години, но повеќе не го сакам тоа. Сакам да можам да си го закопчам фустанот со моја големина и да легнам на стомак удобно! Ништо страшно!
Па, не грижете се за мене. Уште ќе имам гради“.
Криси изјави дека направила операција на градите најмногу поради костимите за капење. Наводно, Криси сакала кога ќе ја фотографираат легната на грб, нејзините гради да изгледаат малку подобро.
Спирова С. | Црнобело