Џон ја трезнел после Греми наградите - Помалку познати факти за бракот на Криси Тајген и Џон Леџенд

На сите ни се чини како Криси и Џон да се отсекогаш заедно. Тие се можеби омилениот познат пар и секојдневно слушаме за нивниот живот.

pomalku-poznati-fakti-za-jon-legend-i-krisi-tajgen-01.jpg

Сега Криси и Џон имаат и две деца и се можеби совршеното семејство.

Иако парот редовно споделува за нивниот приватен живот, сепак постојат некои факти што ѝ се помалку познати на јавноста.

Во продолжение погледнете ги најинтересните:

Јавно покажување внимание

Според Криси, тајната за среќниот брак е јавното покажување внимание.

Сигурно сте забележале дека Криси и Џон редовно споделуваат бакнежи и се прегрнуваат, без разлика каде се. Всушност, со секое појавување во јавност, тие ни покажуваат колку се вљубени.

Зад затворени врати

Џон и Криси навистина работат на нивната емоционална поврзаност. Според Криси, заедничкото пиење вино и долгите разговори се најубавите нешта што ги прават зад затворени врати.

pomalku-poznati-fakti-za-jon-legend-i-krisi-tajgen-02.jpg

Проблеми со плодноста

Неверојатно е колку отворена беше Криси за нејзините проблеми со плодноста.

И покрај тоа што е млада и здрава, Криси сепак требаше да се потпре на ин витро оплодување. Ова, пак, резултираше со нејзино здебелување, но и многу променливо расположение.

За среќа, Џон бил покрај неа во најтешките моменти, па на крај ја добија ќерката Луна.

Постпородилна депресија

Криси отворено зборуваше и за нејзината постпородилна депресија.

Во моментите кога не можела да стигне ни до спалната соба, Џон спиел до неа на каучот. Притоа, ја придружувал на сите лекарски прегледи и секогаш бил овде за неа.

Благодарение на Џон, Криси успеала да го надмине можеби најтешкиот период во нејзиниот живот.

pomalku-poznati-fakti-za-jon-legend-i-krisi-tajgen-03.jpg

Неверојатна поддршка

Џон секогаш се труди Криси да ја почувствува неговата поддршка. Покрај поддршката во тешките моменти, Џон секогаш навива за Криси и кога станува збор за нејзината кариера.

Бегство во Париз

На 14-ти септември 2019-та, Џон и Криси ја прославија нивната шеста годишнина, и тоа во еден од најромантичните градови во светот.

Парот го истражуваше Париз, а за време на патувањето објавуваа и емотивни пораки кои само ја потврдија нивната љубов.

pomalku-poznati-fakti-za-jon-legend-i-krisi-tajgen-04.jpg

Трезнење

После доделувањето на Греми наградите, Криси испила некоја чашка повеќе, а кога си отишле дома, Џон се грижел за неа.

Наводно, Криси легнала на подот, сè уште облечена, а Џон ѝ помогнал да го извади накитот.

Тогаш Криси го прашала дали ѝ се лути, на што Џон одговорил:

„Зошто да ти се лутам? Ти си совршена.“

pomalku-poznati-fakti-za-jon-legend-i-krisi-tajgen-05.jpg

Горд татко

За првата бременост на Криси, Џон веднаш се пофали на Instagram. Кога ќе ги земете предвид сите тешкотии што ги надминале дотогаш, очигледно Џон бил многу возбуден.

Заемно почитување

Криси има изјавено дека не треба да бидете изненадени ако партнерот ви пружи љубов, сочувство и поддршка. Според неа, секоја личност го заслужува ова и тоа е најважното нешто во секоја врска.

pomalku-poznati-fakti-za-jon-legend-i-krisi-tajgen-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg