Џон ја трезнел после Греми наградите - Помалку познати факти за бракот на Криси Тајген и Џон Леџенд
Тајна венчавка
Пред венчавката на која присуствуваа пријателите и семејството, Криси и Џон мораа да се регистрираат во САД. Тоа го направија во Менхетен, а сведок им беше Ирина Шајк.
Најголема обожавателка
Кога Џон освои Еми, Греми, Оскар и Тони во една година, Криси беше најсреќна од сите.
Таа со гордост објавуваше фотографии и нагласуваше колку е неверојатен нејзиниот сопруг.
Денови на осаменост
Кога Џон Леџенд беше зафатен како судија за The Voice, Криси на шега се жалеше дека се чувствувала многу осамено.
Го минувала времето гледајќи телевизија и, како што велеше самата, вечерајќи со нејзиното куче.
Правила во кујна
И Џон и Криси сакаат да готват, но интересно е што никогаш не готвеле заедно. Причината била што се многу различни.
Наводно, Криси сакала да биде покреативна, а Џон строго ги следел рецептите.
Љубовта е болна
Кога Криси и Џон сепак готвеле заедно, и двајцата си ги исекле прстите.
Можеби и ова е една од причините што не готват заедно.
Освојување со храна
Велат дека патот до машкото срце е преку стомакот, а изгледа Криси сериозно го сфатила ова.
Криси е одлична готвачка, а Џон најмногу ги сакал нејзината француска супа од кромид, јагнешкото и макаронитe со кашкавал.
Заедничка тетоважа
Џон и Криси имаат заедничка тетоважа која ги содржи имињата на нивното семејство.
Џон има испишано „Криси, Луна Мајлс“, а Криси „Џон, Луна Мајлс“.
Свесност
Многумина веруваат дека врската на Џон и Криси е совршена. Криси, пак, има изјавено дека е свесна дека понекогаш премногу се „лигават“ со Џон.
Криси вели дека секогаш кога го фали својот сопруг, знае дека таа не би се чувствувала добро ако тој го прави тоа за неа.
Приземјеност
И покрај тоа што се неверојатно славни, пријателите на Џон и Криси не се дел од елитата на Холивуд.
Изгледа дека парот навистина е приземјен.
Спирова С. | Црнобело