Била мета на навреди, ја мрази фразата „страда од витилиго“ – Како се прослави Вини Харлоу?

Кога Вини Харлоу имала само четири години, била дијагностицирана со витилиго, хронично нарушување што предизвикува депигментација на делови од кожата.

kako-se-proslavi-vini-i-pokraj-eliminacijata-od-americas-next-top-model-01.jpg

Денес Вини е препознатлива токму поради ова нарушување, но во поголемиот дел од животот била мета на навреди и малтретирање.

Соучениците ѝ смислувале секакви прекари и Вини неколкупати го менувала училиштето. На крај, целосно се отпишала од средно, па дури почнале да ја обземаат и самоубиствени мисли.

Во 2014-та среќата ѝ се насмевнала, па на 18-годишна возраст Вини учествуваше во America’s Next Top Model. Но, таа тврди дека шоуто не е заслужно за нејзината слава и нејзината кариера како модел.

kako-se-proslavi-vini-harlou-i-pokraj-eliminacijata-od-americas-next-top-model-03.jpg

Тајра Бенкс, една од судиите во шоуто, ја открила Вини на Instagram и ѝ предложила да се пријави. Кога ќе го земете предвид нејзиното минато, Вини покажала неверојатна храброст што се појавила на шоу каде што учесниците се критикувани за нивниот изглед.

За жал, Вини беше дисквалификувана околу 2 недели од почетокот на сезоната, а самата вели дека шоуто не е причина за нејзината слава.

Наводно, таа смета дека за нејзината популарност заслужен е фотографот Ник Најт, што дознал за неа онлајн.

„Јас успеав после шоуто. Тоа навистина не направи ништо за мојата кариера и, реално, не прави ништо за кариерата на кој било модел. Сепак, тоа е дел од мојата историја и благодарна сум за сè што можев да направам за да стигнам до овде“, вели Вини.

Младата девојка доста често зборува за нејзиното нарушување и сака да ја промени нашата перспектива за тоа:

„Мразам што во секој наслов стои ’страда од витилиго‘. Зарем ме гледате да страдам? Единственото нешто од коешто страдам се затворените умови на луѓето кои имаат само еден стандард за убавина, кога во реалноста постојат многу“.

bila-meta-na-navredi-ja-mrazi-frazata-strada-od-vitiligo-kako-se-proslavi-vini-harlou.jpg

Проблемот со America’s Next Top Model

Шоуто многупати беше мета на критики, најмногу поради суровоста на судиите. Голем број луѓе сметаат дека целото шоу е понижувачко и деградирачко за сите млади жени.

Многумина велат и дека од шоуто не произлегол ниту еден супермодел и со него само се нагласени најлошите детали од модната индустрија.

Кратко по изјавата на Вини дека шоуто не помогнало во нејзината кариера, се огласи и Тарја Бенкс.

„Па, ја открив на Instagram и таа беше во шоуто. Што мислите дека значи тоа? Јас имам само љубов за моите девојки кои доаѓаат од многу разни места, со многу болка, со многу тешкотии и многу приказни. Сите тие ми се драги, дури и оние кои нè критикуваат“, изјави таа во едно интервју.

До 2016-та, Вини веќе имаше над милион Instagram следбеници и беше заштитно лице на шпанскиот бренд Desigual. Таа направи и фотосесија со фотографот Ник Најт, кој има соработувано со славни како Кејт Мос и Лејди Гага.

kako-se-proslavi-vini-harlou-i-pokraj-eliminacijata-od-americas-next-top-model-04.jpg

Вини вели дека тоа ѝ била првата соработка како „вистински“ модел и дотогаш моделството ѝ било само како хоби. Самиот Ник ја побарал за да ја фотографира, а ова ѝ дало самодоверба да ја продолжи кариерата.

Вини смета дека има позитивни промени во модната индустрија, но сè уште не се прифатени сите стандарди за убавина.

„Сакам да гледам различни лица на насловните страници, во филмовите, на билбордите… Време да се отвориме и да ги прифатиме сите луѓе“, изјави таа.

kako-se-proslavi-vini-harlou-i-pokraj-eliminacijata-od-americas-next-top-model-05.jpg

Без разлика дали Вини стана модел благодарение на Тајра или само поради нејзиниот труд, денес таа е еден од најпрепознатливите модели и на некој начин направи огромна промена во модната индустрија.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg