Мајкл Бубле ѝ удри лакт на Луисана Лопилато на снимка, таа сега го брани бракот (видео)
- Детали
- среда, 15 април 2020
Парот има 3 деца, а Мајкл Бубле кој е познат по романтиката во бракот ја изненади јавноста со грубоста кон сопругата.
Луисана Лопилато го брани својот сопруг, пејачот Мајкл Бубле, откако јавноста виде снимка на која тој грубо ја удира со лакт затоа што му упадна во збор додека снимаа.
Фановите беа загрижени за 32-годишната актерка и за тоа во каква состојба е нивниот брак.
Но, Луисана се огласи дека сѐ е во ред со нивниот 9-годишен брак и вели дека би го избрала истиот сопруг дури и да треба да бира 1.000 пати одново.
Непријатната сцена се случи за време на едно обраќање во живо на Инстаграм на парот, каде 44-годишниот пејач, кој важи за голем романтичар, изненади со грубоста.
Луисана им се заблагодари на сите фанови за пораките и за грижата и вели дека таа не страда, но ѝ е мило што фановите обрнуваат внимание на такви ситници кои некогаш може да откријат дека некоја жена страда од семејно насилство.
Видеото што поттикна дебата:
Дел од вљубените фотки што Луисана ги објавува на Инстаграм профилот на кој има 4.7 милиони следбеници: