Лиам Хемсворт е минато: Мајли Сајрус го избричи новото момче во карантин (фото)
- Детали
- петок, 03 април 2020
Во вонредна ситуација сите треба да се снаоѓаме како знаеме и умееме. Дали и вие бевте нечиј фризер периодов?
Мајли Сајрус (27) е во самоизолација со своето 23-годишно момче Коди Симпсон, австралиски пејач, текстописец, танчар и модел.
Тие смислуваат разни начини на забава, а поради затворените фризерски салони, Мајли се одлучи да му ја избричи главата на своето момче и да му направи т.н. карантин фризура.
Парот е заедно 6 месеци, а романтичниот Коди изјави за Мајли: „6 месеци со тебе вредат како цел живот со некој друг“.
Интересно е што тие се пријатели долги години, поточно уште откако биле тинејџери.
Прочитајте и Фановите го молат Лиам Хемсворт: „Избриши ги фотографиите со Мајли Сајрус!“
Како изгледаше правењето на фризурата на Коди + фотки од парот:
С. С. | Црнобело