Апсење, политички аспирации - Гласини за Опра Винфри што таа сака да ги заборавиме
- Детали
- сабота, 18 април 2020
Опра е една од најпознатите жени на денешницата и ретко кој може да се спореди со неа.
Водителката успеа да заработи нешто повеќе од 2 милијарди долари, а уште поважно е што голем дел од богатството го користи за да им помогне на другите.
Сепак, без разлика колку добри им правите на сите, кога сте јавна личност, не можете да ги избегнете непријатните гласини.
Во продолжение погледнете ги озборувањата и настаните кои Опра сигурно сака да ги заборавиме:
Апсење
Неодамна почнаа да се шират лажни вести дека Опра била уапсена за трговија со луѓе. Водителката веднаш се огласи:
„Само што добив повик дека се зборува за мене. НЕ Е ВИСТИНА. Не ми го пребарувале домот и не сум уапсена. Само се дезинфицирам и изолирам како остатокот од светот.“
Политички аспирации
Во 2016-та, но и годинава, се појавија гласини дека Опра сака да се кандидира за претседател, како дел од Демократската партија на САД.
Сепак, водителката има изјавено дека иако има голема самодоверба и знае што сака, политиката не е за неа.
Наводно, некој дури и ѝ предложил да ја води нејзината кампања, но таа не прифатила.
Паѓањето на сцена
Годинава се појави кратко видео на кое се гледа како водителката паѓа на сцена. Видеото за кратко стана вирално, а Опра беше мета на многу шеги.
Но, таа знае како да се справи и со ваква ситуација, па само прокоментира дека носела погрешни чевли.
Зборување против Мајкл Џексон
Опра секогаш кажува што мисли, дури и ако не треба да го направи тоа.
Водителката кажа неколку лоши работи во врска со наследството што го оставале славните афроамериканци, вклучувајќи го и Мајкл Џексон.
На оваа изјава прокоментира и Снуп Дог:
„Зошто нè напаѓате? Ние сме ваши луѓе.“