Апсење, политички аспирации - Гласини за Опра Винфри што таа сака да ги заборавиме
Озборувањата од нејзината маќеа
Маќеата на Опра изгледа секогаш сака да се жали за водителката.
Очигледно, ситуацијата меѓу нив станала навистина лоша, па Барбара, маќеата на Опра, беше избркана од нејзиниот дом.
„Се обидувам да останам прибрана, но понекогаш не ми е јасно што би ја разгневило толку за да ме избрка и да не ни помисли на тоа“, изјави Барбара за настанот.
Мета на комичарите
Комичарите можат да бидат навистина сурови. На пример, Џоан Риверс се шегуваше за телото на Опра, а многумина се шегуваа и за нејзиното паѓање.
Веројатно не е лесно да се справите со толку многу шеги на ваша сметка.
Модни утки
Кога сте толку долго под окото на јавноста како Опра, нормално е да имате неколку модни утки.
Во 1980-тите и 1990-тите, големата коса и сакоата со широки рамена беа заштитен знак на Опра, иако не изгледаат баш најдобро.
И таа се однесува како дива
Ретко ќе го слушнете ова за Опра, но некои настани потврдуваат дека и таа се однесува како дива.
Во 2005-та, Опра почнала жестока расправија откако од Hermes не ѝ дале посебен третман. Односно, не ѝ дозволиле да оди во приватен шопинг откако продавницата затворила.
Ситуацијата е смешна бидејќи Опра сакала да си купи само чанта, а почнала и да ги обвинува вработените дека се расисти.
Подоцна компанијата изјави дека вработените не смеат да останат во продавницата после работното време и не можат да направат исклучок за водителката.
Спирова С. | Црнобело