„Јас сум најсреќната жена во светот“ - Љубовната приказна на Ричард Гир (70) и сопругата Алехандра (37)

Изгледа дека холивудскиот заводник Ричард Гир е сопругот што би го посакала секоја жена.

jas-sum-najsrekjnata-zhena-vo-svetot-ljubvnata-prikazna-na-richard-gir-i-soprugata-alehandra-01.jpg

Ричард и сопругата Алехандра Силва се венчаа во 2018-та, и иако на почетокот врската им била комплицирана, набрзо станало очигледно дека се создадени еден за друг.

Во периодот кога ја почнаа врската, и двајцата минуваа низ развод, а ова сигурно им предизвикувало многу тешкотии. Но, денес Алехандра, како што вели самата, е најсреќната жена на светот, и тоа благодарение на познатиот актер.

Ричард и Алехандра се запознале во 2014-та, кога актерот престојувал во хотел на семејството на Алехандра.

jas-sum-najsrekjnata-zhena-vo-svetot-ljubvnata-prikazna-na-richard-gir-i-soprugata-alehandra-02.jpg

Уште веднаш ја почувствувале привлечноста меѓу нив и од првата вечер биле неразделни.

Тогаш и двајцата биле сред развод и минувале низ навистина тежок период, но овие проблеми само им помогнале уште повеќе да се зближат.

Алехандра има изјавено дека и двајцата биле убедени дека оваа врска ќе трае.

Во 2018-та, парот го кажа судбоносното да.

jas-sum-najsrekjnata-zhena-vo-svetot-ljubvnata-prikazna-na-richard-gir-i-soprugata-alehandra-03.jpg

Алехандра тврди дека е најсреќната жена во светот, а Ричард ја терал да мисли дека живее во бајка.

Имено, актерот секој ден ѝ пишувал песни, а секое утро ја прашувал што ја прави среќна.

jas-sum-najsrekjnata-zhena-vo-svetot-ljubvnata-prikazna-na-richard-gir-i-soprugata-alehandra-04.jpg

Возрасната разлика помеѓу Ричард и Алехандра е цели 33 години, но очигледно, ова не претставува никаков проблем.

Алехандра вели дека нејзиниот сопруг е најскромниот, најчувствителниот, највнимателниот, најдарежливиот и најсмешниот маж што го запознала. За неа, овој брак бил како најубавиот романтичен сон од кој не сака да се разбуди.

jas-sum-najsrekjnata-zhena-vo-svetot-ljubvnata-prikazna-na-richard-gir-i-soprugata-alehandra-05.jpg

И Ричард го има потполно истото мислење за неговата сакана и бракот со неа.

Тој одново и одново кажува дека се чувствува како најсреќниот маж во универзумот, затоа што имал можност да се венча со паметна, забавна и чувствителна жена која сака да им помага на другите. Уште подобро е што тие двајца имаат исти интереси и цели и ист став кон светот.

jas-sum-najsrekjnata-zhena-vo-svetot-ljubvnata-prikazna-na-richard-gir-i-soprugata-alehandra-06.jpg

Актерот вели дека Алехандра е како ангел и дека дефинитивно нема да најде личност која е подобра од неа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
По смртта на сопругата, немал ниту една врска: Трагичниот живот на Лиам Нисон Негова пријателка била силувана, се откажал од сонот да стане боксер поради потр...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg