Патот на Били Ајлиш до светска слава низ 15 фотографии
- Детали
- недела, 29 март 2020
Некои сметаат дека Били добива премногу внимание кое не го заслужува, а други ја нарекуваат музички феномен.
Без разлика кое е вашето мислење, факт е дека моментално, младата Били е едно од најголемите музички имиња.
За помалку од пет години, таа успеа да го достигне врвот, и тоа без да ми се покорува на стандардите и правилата наметнати од општеството.
Во продолжение погледнете како изгледал патот на Били Ајлиш до светската слава низ неколку фотографии:
Мало девојче
Били Ајлиш е родена на 18-ти декември 2001-ва, во семејство полно со уметници – нејзините родители се актери.
Сепак, нивните врски во Холивуд немаат никаква врска со успехот на Били.
2010: Домашно образование
Били и нејзиниот брат биле образовани дома, а нивната мајка ги научила на сè што треба да знаат за музиката.
Били била под големо влијание од музиката на Френк Синатра, Чајлдиш Гамбино, па дури и Пеги Ли.
Тој период, Били работела и во штала за коњи.
„Коњите се животни за терапија“, има изјавено пејачката.
2015: Ocean Eyes
Кога имала само 13 години, брат ѝ напишал песна насловена Ocean Eyes и ја замолил Били да ја испее.
Откако ја објавиле песната на SoundCloud, не поминало многу пред да стане вистински хит.
„Немавме никаква намера со песната. Но преку ноќ, многу луѓе почнаа да ја слушаат и да ја споделуваат. Hillydilly е веб-сајт за нови музички таленти, па ја објави нашата песна, и таа стануваше сè попопуларна“, изјави Били.
2016: Договор со Darkroom
Откако хитот Ocean Eyes се прославил, Били успеала да потпише договор со продукциската куќа Darkroom.
Во 2016-та куќата одново ја објави песната, заедно со музичко видео, а на Били не ѝ се верувало колку расте нејзината популарност.
2017: Don’t Smile at Me
Во 2017-та Били веќе имаше објавено осум песни, вклучувајќи ги и Copycat, Watch, Hostage, Bellyache и Party Favor.
До 2019-та, веќе целиот свет знаеше за Били Ајлиш.
2017: Потенцијална ѕвезда
Во 2017-та, Apple ги прогласи Били и нејзиниот брат, кој е текстописец, за потенцијални ѕвезди. Очигледно, не погрешиле.
2018: Lovely
Во 2018-та Били ја објави соработката со Калид, насловена Lovely. Песната е направена за втората сезона од серијата 13 Reasons Why и веднаш почна да ги освојува топ-листите.