Патот на Били Ајлиш до светска слава низ 15 фотографии
2019: When We All Fall Asleep, Where Do We Go?
На голема радост на сите нејзини фанови, во 2019-та Били го издаде долгоочекуваниот деби албум When We All Fall Asleep, Where Do Wе Go?
Албумот го прикажува созревањето на Били, но и се фокусира на проблеми како зависност, ментално здравје, скршено срце и самоубиство.
2019: Коачела
Били отсекогаш била огромен фан на Џастин Бибер. Во 2019-та, таа конечно имаше можност да го запознае, кога настапуваше на познатиот музички фестивал Коачела.
Истата година, таа ја објави и соработката со Џастин – ремиксот на популарната Bad Guy.
2019: Кампања против стандардите за убавина
Били е препознатлива по широката облека и има изјавено дека не сака да знаеме сè за неа, па оттаму и нејзиниот стил.
„Никој не може да има мислење бидејќи не знаат што се наоѓа оздола“, вели пејачката во кампањата против наметнатите стандарди за убавина.
Били има изјавено дека ако носи тесна облека или ако го покаже нејзиното тело, сигурно ќе биде мета на многу сексистички коментари.
2019: Жена на годината
После успешната година, Billboard ја прогласи Били за Жена на годината.
2020: No Time to Die
Били ја започна новата година поставувајќи нов рекорд – стана најмладиот артист кој напишал и испеал песна за серијалот James Bond.
Песната е дело на Били и нејзиниот брат, а токму овој со овој сингл Били вистински ги покажа нејзините вокални способности.
2020: Најмладиот добитник на Греми
2019-та беше одлична година за музичката индустрија – најголемите музички имиња го дадоа својот придонес.
Но, во 2020-та, дефинитивно владееше Били. Таа стана најмладата личност која добила Греми, а дома си замина со дури пет статуетки.
2020: Настап на Оскарите
Во февруари годинава, Били и нејзиниот брат со нивниот настап им оддадоа почит на сите актери, артисти и познати личности кои починале.
Таа ја изведе легендарната Yesterday на Битлси и синглот што го напиша за James Bond.
2020: Моќна порака
Били ја започна светската турнеја Where Do we Go? во Мајами, а го искористи моментот да прозбори за нереалните стандарди за убавина.
„Телото со коешто се родив, зарем не е тоа што го сакаш? Ако она што го носам е удобно, не сум жена. Ако ја тргнам облеката, јас сум к***а“, се зборовите што ги кажа Били во видеото кое беше пуштено на концертот.
Во видеото се гледа пејачката како ја соблекува маицата и останува само со градник.
Спирова С. | Црнобело