Доналд бил гневен кога мајка ѝ останала бремена - Работи што не сте ги знаеле за Тифани Трамп
- Детали
- сабота, 21 март 2020
Тифани Трамп е помалку зборуваната ќерка на претседателот Доналд Трамп, а очигледно ѝ годи тоа.
Таа е студент по право, има богат и млад дечко и е активна на најпопуларните забави. Со други зборови, нејзиниот живот е сосема поразличен од оној на Доналд или нејзините браќа и сестра.
Во продолжение погледнете неколку работи што веројатно не сте ги знаеле за неа:
Провокативен проект два месеци откако Трамп најави дека ќе се кандидира за претседател
Во ноември 2015-та, Тифани и нејзината мајка Марла беа дел од видео-проект во кој моделите изгледаат како да се голи.
Ова се случи само два месеци откако Трамп најави дека ќе учествува во трката за претседател, но веројатно никој не се грижеше бидејќи речиси никој не веруваше дека ќе победи.
Пораснала во Калифорнија
Марла, мајката на Тифани, е втората сопруга на Трамп. После разводот, Марла и Тифани се преселиле во Калифорнија.
Тифани смета дека нејзиното детство било среќно, не била разгалена, а татко ѝ ја посетувал неколкупати годишно.
Повеќе го сака Холивуд од Њујорк или Вашингтон
Мајката на Тифани е презентер, па уште од најрана возраст таа се дружела со луѓе од забавната индустрија.
Очигледно, на Тифани многу повеќе ѝ годи климата во Холивуд, отколку во Вашингтон или Њујорк.
Во врска е со милијардер од Либан
Тифани и Мајкл Булос се запознале во Грција, а семејството на Мајкл тежи неколку милијарди. Се разбира, тој ќе го наследи богатството.
Учи право на Georgetown Law School
Тифани се запишала во училиштето во 2017-та и, наводно, го сфаќа многу сериозно.
Откако ќе дипломира, веројатно лесно ќе најде работа во некоја голема фирма.