Беше протеран од Саудиска Арабија поради убавината: Како изгледа денес најубавиот Арап на светот?
- Детали
- петок, 20 март 2020
Откако во 2013 стана вирален хит, Омар Боркан ал Гала доби светска слава, а многу жени ширум светот не останаа имуни на неговата мистична привлечност.
Омар Боркан ал Гала е фотограф, модел и поет кој пред некоја година беше прогласен за најсекси маж на светот.
Во 2013 година се пишуваше дека наводно бил избркан од Саудиска Арабија затоа што неговата убавина ги терала тамошните традиционални жени на „грев“.
Роден е во Ирак во 1989 година, пораснал во Дубаи, а некое време има живеено и во Канада. На Инстаграм тој има 1.2 милиони следбеници, а на Фејсбук 2.3 милиони.
Тој се ожени во 2015 година со својата избраничка Јасмин, за која светот коментираше дека не била доволно убава за него. Во 2016 тие добија син, но во 2018 се разделија.
Омар денес живее на релација Дубаи – Канада.
Како изгледа денес некогашниот најубав Арап на светот:
С. С. | Црнобело