Џеј Ло се пофали со нејзината нова колекција чевли на Instagram (фото)
- Детали
- понеделник, 16 март 2020
Минатиот месец, Џеј Ло ги сподели новостите за соработката со брендот DSW, а денес се пофали со крајниот резултат.
50-годишната пејачка сподели неколку фотографии на Instagram, кои се дел од рекламната кампања за колекцијата Jlo Jennifer Lopez, во соработка со брендот DSW.
„Јас сум дома и се надевам дека сите сте безбедни. Еве нешто што ќе го ви го разубави денот… Многу сум горда што ја лансирав мојата нова колекција чевли“, стои во описот на објавата.
Како и секогаш, Џенифер изгледа одлично.
Цената на чевлите ќе се движи од 59 до 189 долари, а колекцијата содржи сандали, патики, „шпиц“ чевли и неколку други модели.
„Ќе го внесеме уличниот стил што го претставува Њујорк, малку стар холивудски гламур и живост што е препознатлива за Мајами. Со оваа колекција се надевам дека луѓето ќе откријат и ќе покажат неколку страни од нивниот карактер, а истовремено ќе останат истрајни на нивното вистинско јас“, изјави пејачката за новата колекција.
Спирова С. | Црнобело