Џеј Ло откри зошто ѝ требале 17 години за да му даде втора шанса на Бен: „Се заколнав дека ќе останам сингл“
- Детали
- четврток, 15 февруари 2024
По големиот број пропаднати врски, Џеј Ло вели дека планирала засекогаш да остане сингл, но, токму тогаш универзумот ѝ дал можност повторно да биде со љубовта на нејзиниот живот, Бен Афлек, со кого раскина 17 години пред тоа.
Актерката и пејачка Џеј Ло, деновиве е актуелна со нејзиниот нов филм и нов албум насловени This is Me... Now кои всушност се своевидна биографија на нејзината љубовна приказна со Бен Афлек.
Пејачката на премиерата се појави во гламурозна тоалета со хороскопските знаци, придружувана од својот сопруг, а откри дека голема инспирација за проектите биле и љубовните писма што тој ѝ ги праќал низ годините.
Речиси сите знаат дека Џенифер (54) и Бен (51) беа пар на почетокот на 2000-тите години, но се разделија во 2004-та, па потоа ѝ дадоа втора шанса на љубовта во 2021-ва година.
Парот застана пред олтар во јули 2022-ра година, а Џеј Ло сега даде изјава во која одговори на прашањето зошто ѝ требало толку време за да се помири со Бен.
Како што вели, ѝ требале речиси две децении за универзумот да се отвори и да ѝ даде шанса да биде заедно со човекот што го сака неизмерно.
„Се вљубив во љубовта на мојот живот рано... Моравме да пораснеме и да искусиме други работи.
И двајцата продолживме понатаму и добивме деца во други врски, но, знаете, постојано си мислев: ‘Тој беше вистинската личност за мене’“.