Џеј Ло откри зошто ѝ требале 17 години за да му даде втора шанса на Бен: „Се заколнав дека ќе останам сингл“

djej-lo-otkri-zoshto-i-trebale-17-godini-za-da-mu-dade-vtora-shansa-na-ben-se-zakolnav-deka-kje-ostanam-singl-09.jpg

„Кога повторно ја започнавме врската јас не можев да си поверувам (што се случува) и мислам дека и тој не можеше да си поверува.

Тоа не беше нешто што го планиравме. И двајцата продолживме со животите, но кога повторно се поврзавме, тоа беше инстантно и знаевме дека е вистинско“ – вели Џеј Ло.

Џеј Ло накратко проговори и за периодот по првото раскинување со Бен и како тоа што станала мајка во целост ѝ го променило животот.

djej-lo-otkri-zoshto-i-trebale-17-godini-za-da-mu-dade-vtora-shansa-na-ben-se-zakolnav-deka-kje-ostanam-singl-10.jpg

Како што рече, во периодот додека била во брак со Марк Ентони имала можност да се запознае себеси.

„Се трудев да бидам подобра и да се разберам себеси и да бидам најдобрата верзија од себе за да бидам одлична мајка и одличен пример за децата.

Потоа, кога се разведов, тоа ме натера да се потрудам да се разберам себеси, да ги разберам врските и сѐ што е поврзано со нив“ – вели Џеј Ло.

djej-lo-otkri-zoshto-i-trebale-17-godini-za-da-mu-dade-vtora-shansa-na-ben-se-zakolnav-deka-kje-ostanam-singl-11.jpg

Како што вели, по големиот број неуспешни врски и романси, одлучила да остане сингл, но универзумот конечно решил да ѝ даде шанса да биде со човекот што отсекогаш вистински го сакала.

„Во тој период си мислев: ‘Сама сум, добро сум, си го сакам животот’. И кога дојдов до таа фаза, мислам дека конечно универзумот ми се отвори и си помислив: ‘Во ред, сега сум подготвена’“ – раскажува Џеј Ло.

djej-lo-otkri-zoshto-i-trebale-17-godini-za-da-mu-dade-vtora-shansa-na-ben-se-zakolnav-deka-kje-ostanam-singl-08.jpg

Прочитајте и Што се случи со прстенот од 1,2 милиони со кој Бен Афлек ја запроси Џеј Ло?

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg