Ја снима додека таа позира, не ги одлепува рацете од неа: Бен Афлек покажа колку е вљубен во Џеј Ло (видео)

Бен ја снима додека Џеј Ло гордо позира во провокативната тоалета. Актерот синоќа беше огромна поддршка за актерката која го објави нејзиниот најнов филм кој е инспириран од нивната љубовна приказна и од љубовните писма што тој ѝ ги напишал.

ja-snima-dodeka-taa-pozira-ne-gi-odlepuva-racete-od-nea-ben-aflek-pokazha-kolku-e-vljuben-vo-djej-lo-video-01.jpg

И покрај тоа што многумина не веруваат дека нивниот брак може да опстане, Бен Афлек се труди да покаже дека е лудо вљубен во својата сопруга Џеј Ло.

Синоќа тој беше заедно со неа на премиерата на нејзиниот најнов филм This is Me… Now: A Love Story во Лос Анџелес, а социјалните мрежи се преплавени со фотографии и видеа од нивното заедничко појавување на белиот тепих на кој имаше расфрлани ливчиња од рози.

Џеј Ло на себе носеше црн топ со долго проѕирно здолниште и црни ракавици и ја покажа совршената фигура, а јасно е дека за нејзиниот сопруг таа беше најубавата жена вечерта.

Бен беше снимен како самиот со телефон ја снима сопругата додека таа позира пред камерите, како ѝ помага да излезе од автомобилот и ѝ дава поддршка пред важната вечер, а во неколку наврати беа уловени како се бакнуваат и разменуваат нежности пред камерите.

Инаку, Џеј Ло во моментов објавува три проекти кои се посветени на нејзината потрага по вистинската љубов, мјузиклот This Is Me… Now: A Love Story, истоимениот музички албум и документарен филм, каде ќе бидат опфатени моментите од работата на филмот и албумот.

Интересно е тоа што Џеј Ло откри дека нејзините песни се инспирирани од љубовните писма што Бен ѝ ги пишувал во минатото.

Во галеријата погледнете повеќе фотографии од заедничкото појавување на Бен и Џеј Ло:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg