Тие одбраа кариера и слобода наместо деца – кои славни ѕвезди решија да не станат мајки?
- Детали
- понеделник, 20 април 2020
Не секоја жена сонува да стане мајка, а ова не е исклучок ниту во светот на славните.
Голем дел од нив не можат или пак не сакаат да се замислат во улогата на родител и тоа редовно го споделуваат како одговор на прашањето – „Дали планираш да имаш дете?“
Ким Катрал
Слично како и огнената Саманта во „Сексот и Градот“ Катрал ја става слободата пред сè останато во животот. „Кога имав 5 години фантазирав да имам стотина кучиња и 100 деца.
Сфатив дека голем дел од притисокот којшто го чувствував доаѓаше однадвор и знаев дека не сум подготвена да го преземам тој чекор во мајчинството. Да бидам биолошка мајка едноставно не е дел од мојот план и постоење“.
Опра Винфри
Американската водителка Опра Винфри е една од познатите личности кои изјавиле дека не сакаат деца и поради тоа не ѝ било воопшто жал.
„Не верувам дека би била добра мајка. Немам доволно трпение и секогаш морам да разговарам за проблемите, а тоа со мало дете е многу тешко. Отсекогаш знаев дека нема да имам деца“.
Хелен Мирен
„Не беше мојата судбина. Постојано мислев дека ќе биде, чекав да се случи, но никогаш не се случи и не се грижев што мислат луѓето во врска со тоа… само постари, здодевни мажи ме прашуваа: Што? Немаш деца? Па, подобро да побрзаш стара момо, а јас ќе им кажев: Не! Откачи ми се!“
Елен Деџенерис
„Кога си во средината на 30-тите години, почнуваш да чувствуваш притисок и да размислуваш: Дали ќе имам деца само за да не пропуштам нешто во што очигледно сите уживаат?
Никогаш не почувствувам дека мојот одговор на ова прашање е потврден и тоа е главната причина зошто никогаш не се одлучив да имам деца“ – изјавила Роси, партнерката на Деџенерис, за време на едно интервју.
Рене Зелвегер
Рене изјавила дека е доволно среќна и задоволна во животот, а за тоа не ѝ требаат деца. Во во една прилика, сепак, признала дека еден ден со задоволство би имала деца, но сè уште не ја нашла вистинската личност со која би сакала да основа семејство.
Џенифер Анистон
Во една прилика, омилената американска актерка изјавила дека се чувствува многу лошо кога ќе ја прашаат кога планира да има деца.
„Мојата идеа за среќен живот и исполнување е различна од онаа на многу луѓе. Никој нема право да ги осудува туѓите избори бидејќи никој не знае што се случува зад четирите ѕида на вашиот дом. Тоа за мене е многу чувствителна тема“.
(О)Милена | Црнобело