Вилијам и Кејт ги изигнорираа Меган и Хари на нивната последна кралска должност (фото+видео)
- Детали
- вторник, 10 март 2020
Кралските фанови ги обвинија принцот Вилијам и Кејт Мидлтон дека ги игнорирале Меган Маркл и принцот Хари на нивната последна кралска должност, што сметаат дека не е во ред за браќа.
Принцот Хари и Меган Маркл за последен пат се појавија на настан како високи членови на кралското семејство, со што официјално ги завршија нивните кралски должности пред да започнат независен живот.
38-годишната Меган во изминатите денови на сите настани изгледаше совршено, а на последната кралска должност се појави во прекрасен зелен фустан.
На Commonwealth Service присуствуваа и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, а тоа им беше прва средба со Меган по нивното заминување од Лондон.
Сепак, изгледа војводите од Кембриџ не беа воодушевени од средбата, а односите се очигледно заладени, па фановите беа револтирани од нивната реакција.
Дел од коментарите на фановите:
„Меган насмеана ги поздрави Вилијам и Кејт, а тие ја изигнорираа. Браво Кејт.“
„Океј, дури и јас мразам што морам да признаам дека ова беше ладно. Се надевам дека барем претходно се сретнале, па ова им беше втора средба.“
Погледнете фотки од последната кралска должност на Меган и Хари:
M. M. | Црнобело