Ретро фотографии од Џенифер Анистон од почетокот на нејзината кариера
Една од првите фотосесии како актерка
Пред да се пробие во филмската индустрија, Џенифер имала неколку работни места. Таа била келнерка, продавач по телефон, разнесувач на пошта…
Фармерки и кошула
Знаевте ли дека уште од најрана возраст, татко ѝ ја научил Џенифер да не гледа телевизија? Но, ова не ја спречило да стане една од најголемите телевизиски ѕвезди.
Пред да стане Рејчел, актерката работела на неколку бродвејски проекти.
Џенифер во костим за капење
Оваа фотографија докажува дека актерката нема остарено ни ден. Лесно можете да помислите дека фотографијата е направена неодамна.
Џенифер и Кортни Кокс
За време на снимањето на „Friends“, Џенифер и Кортни навистина се зближиле.
Интересно е што на почетокот улогата на Рејчел требало да ѝ припадне на Кортни. Но за кратко Кортни сфатила дека Моника е ликот што е создаден за неа, а останатото е историја.
Доделувањето на SAG наградите
Оваа фотографија е од доделувањето на SAG наградите во 1999-та. Кој би рекол дека две децении подоцна, Џенифер не само што ќе присуствува на доделувањето, туку ќе си добие и награда?
Жолтата ѝ стои одлично
Оваа фотографија е од периодот кога Џенифер веќе го привлекуваше вниманието на сите, особено со врската со Бред Пит.
И покрај неславната разделба, фановите до денес се надеваат дека парот можеби ќе ја обнови романсата.
Денови на плажа
Уште една фотографија што докажува дека Џенифер отсекогаш изгледала неверојатно.
Препознатлив изглед
Повторно Џенифер со парчето облека што стана хит благодарение на неа.
Оние што ја гледале „Friends“ во 90-тите ја помнат Џенифер во ова издание.
Спирова С. | Црнобело