Џесика Бил го врати вереничкиот прстен на раката и го прослави роденденот во пижами со Џастин (фото)
- Детали
- среда, 04 март 2020
Пред некој ден, речиси три месеци после скандалот со Џастин и неговата колешка, папараците ја „уловија“ Џесика Бил без вереничкиот прстен.
Наводно, актерката завршувала некои обврски во Беверли Хилс и само што почнаа шпекулациите дека извинувањето на Џастин можеби не е доволно, актерката го докажа спротивното.
Во вторникот, Џесика изјави дека ја чувствувала љубовта од нејзиниот сопруг, кој ѝ организирал слатка семејна „пижама парти“ по повод нејзиниот роденден.
На фотографиите од прославата на 38-иот роденден, Џесика изгледа пресреќно додека Џастин ѝ носи голема торта.
Наводно, актерката го започнала денот со појадок од јајца, авокадо, сланина и крофни кој го приготвил Џастин. Нормално, со нив бил и 4-годишниот син.
Џесика не сакала голема забава, па дури му рекла на Џастин да не ѝ пее роденденска песна. Пејачот ја почитувал нејзината желба, но сепак успеал да ја изненади својата сакана.
Актерката објави неколку фотографии од прославата на нејзиниот Instagram профил, со опис:
„Прославување на мојот роденден со стил… а со ова мислам во пижами. Го натерав Џастин да ми вети дека нема да ми ја пее Happy Birthday, па тој импровизираше. Жал ми е што не можете да слушнете, но сè уште се смеам.
Ти благодарам прекрасен човеку што навистина ме послуша и ми организираше забава од мој тип. И ви благодарам на сите вам за роденденските честитки. Ја чувствувам љубовта.“
Џастин ѝ го честита роденденот на саканата и на Instagram:
„Среќен роденден на љубовта на мојот живот... Нова авантура секој ден и богатство за мене. Едвај чекам да имаме уште многу вакви заеднички моменти. Ти благодарам што ме трпиш кога мирисам лошо после играње голф. Ти си најдобра од најдобрите љубов моја! Те обожавам.“
https://www.instagram.com/p/B9R-zKlB1is/
Очигледно, Џастин и Џесика го оставиле скандалот зад нив и се навистина среќни.
Спирова С. | Црнобело