Најплатен модел, скандал со реклами - Подемите и падовите на Кендал Џенер низ фотки
- Детали
- четврток, 05 март 2020
Иако има само 26 години и се нашла средe многу контроверзии, очигледно е дека Кендал работи неуморно.
Нејзиното име веќе е бренд и таа се појавува во кампањи на Fendi, Balmain и Calvin Klein.
Во продолжение погледнете ја кариерата на младата Кендал низ 20 фотографии:
Првата модна ревија
Дебито на Кендал Џенер беше во 2012-та, на ревијата на Sherri Hill.
Тогаш моделот имаше само 15 години и се појави рамо до рамо со сестра ѝ Кајли.
Писателка од мала возраст
Изгледа дека снимањето на „Keeping Up With the Kardashians“ не беше доволно за Кендал. Поради ова, таа, заедно со сестра ѝ Кајли, објави научно-фантастична книга насловена „The Rebels: City of Indra: The Story of Lex and Livia“.
Книгата беше објавена пред речиси 6 години, во јуни 2014-та.
Влезе во индустријата со соработка со Marc Jacobs
Првото големо шоу на Кендал беше ревијата на Marc Jacobs во 2014-та.
Ова беше почетокот на нејзиното владеење со светот на модата и уште тогаш се гледаше нејзиниот талент.
Стана новото лице на Estee Lauder
Благодарение на нејзината популарност, Кендал го направи Estee Lauder многу препознатлив бренд.
Наводно, заработката на брендот драстично се зголемила после соработката со Кендал.
Дебито на ревијата на Victoria’s Secret
Кендал им се придружи на најдобрите светски модели кога се појави на ревијата на Victoria’s Secret.
На пистата Кендал прошета со сино-црвен корсет и голема сина марама.
Контроверзната кампања за La Perla
Во 2017-та Кендал беше дел од кампањата на La Perla и предизвика вистинска контроверзија.
Наводно, таа морала да откаже претходно закажано појавување за Victoria’s Secret поради новата соработка.
Критикувана за „улогата“ на балерина
Кендал се има појавено во Vogue неколкупати, но фотографијата за шпанскиот Vogue од 2016-та не беше прифатена најдобро.
На фотографијата Кендал е облечена како балерина. Поради ова, балерините биле гневни бидејќи списанието не одбрало вистинска танчарка за фотографијата.
Кендал, во нејзина одбрана, изјави дека не ни знаела дека ќе ја фотографираат како балерина, сè додека не стигнала во студиото.
Стана лицето на Balmain X H&M кампањата
Постои причина зошто луѓето се опседнати со Кендал Џенер – рекламните кампањи како оваа.
Кендал стана заштитно лице на долгоочекуваната соработка на познатите брендови.
Неславниот инцидент со рекламата за Pepsi
Иако може да се пофали со многу успеси, Кендал (уште еднаш) успеа да навреди цела заедница луѓе.
Во рекламата за Pepsi, Кендал му го подава пијалакот на полицаец сред протест. Рекламата доби најостри критики бидејќи наводно го злоупотребила движењето Black Lives Matter.