Мамин син: Бредли Купер на прошетка со мајка му (фото)
- Детали
- вторник, 25 февруари 2020
Можеби важи за еден од најзгодните холивудски ергени и личи на зафатен, но Бредли Купер секогаш наоѓа време за неговата мајка.
И покрај натрупаниот распоред поради римејкот на класиката „Nightmare Alley“, актерот во понеделникот беше забележан со неговата мајка. Уште поинтересно е што тој ѝ ја носеше торбата.
Глорија Кампао, која го има придружувано Бредли на многу важни настани, носеше мек црвен капут, сиви влечки и беж капче.
Бредли, пак, носеше беретка, капут и патики.
Наводно, состанокот со мајка му бил веднаш после посета на теретана.
Можеби блискоста на актерот и мајка му е за восхит, но според гласините, нивната блиска и неразделна врска била една од причините за разделбата на Бредли и Ирина Шајк.
Наводно, Ирина воопшто не се чувствувала како дома, најмногу бидејќи со нив живеела и Глорија, која само ја зголемувала тензијата помеѓу тогашните партнери.
Спирова С. | Црнобело