3 славни мајки и 1 татко кои пробале од плацентата по раѓањето на детето
- Детали
- понеделник, 24 февруари 2020
Славните секогаш имаат чудни идеи, а пробувањето од плацентата по породувањето веројатно ќе ја сместиме во топ 3-те.
Сепак, тоа што дел од славните личности решиле да го направат тоа, не значи дека секој треба да проба.
Кои славни мајки и еден татко решиле дека е паметно да пробаат од плацентата?
Ким Кардашијан
По раѓањето на второто дете, синчето Сент, Ким изјави дека би ја јадела сопствената плацента бидејќи биолошките материи во неа помагале за полесно пребродување на пост-породилната депресија.
Кортни Кардашијан
Всушност, Ким ја позајмила идејата од Кортни, која откако стана мајка консумирала апчиња во кои имало дел од нејзината плацента.
Блек Чајна
Откако стана дел од Кардашијан кланот, реши да ја продолжи традицијата. Исто и Блек Чајна од својата плацента направила апчиња кои ги консумирала потоа заради младоликост.
Том Круз
Според скиентологијата, религијата на Круз, се сугерира дека по раѓањето на детето родителите не смее да комуницираат на глас со него, но консумирањето на плацентата е сосема прифатливо.
М. Д. | Црнобело