Емотивниот говор на Џенифер Анистон по добиената награда на People's Choice Awards (видео)
- Детали
- понеделник, 11 ноември 2019
Џенифер Анистон го ужива максимумот од славата по само неколку снимени епизоди на Friends, во улогата на Рејчел Грин, во 1994-та година.
Денес, 25 години подоцна, славата на шоуто сè уште не спласнува, а 50-годишната актерка на People's Choice наградите беше прогласена за „иконски лик.“
Наградата ѝ ја врачи Адам Сендлер, кој ја опиша како една од најдобрите пријателки, која не само што е физички прекрасна, туку и неверојатно грижлива жена, вистински пример и жена со огромно срце.
По големата благодарност која ја искажа на сцената, Џенифер започна емотивен говор:
„Ако имам било каква заслуга во овој свет како иконски лик, тогаш тоа е затоа што учествував во едно неверојатно шоу, со неверојатен тим и неверојатна фризура. Friends беше навистина подарок кој се добива еднаш во животот, и немаше да стојам тука да не постоеше тоа шоу, да не постоеја останатите пет актери и публиката која буквално беше заглавена со нас...“
Целиот говор погледнете го во продолжение:
М. Д. | Црнобело