На 6 години победи на избор за убавина, мајка ѝ ја искористуваше за да се збогати: Скандалозното детство на Алана Томпсон
- Детали
- сабота, 30 септември 2023
Имаше 6 години кога победи на детски избор за убавина, па доби свое реално шоу. Кога дозна дека мајка ѝ сакала да ја даде на посвојување, но во неа гледала „златна кокошка“ која ѝ носи пари, престана да разговара со неа. Има проблематичен дечко, а студира за медицинска сестра. Се сеќавате ли на Хани Бу Бу, ѕвездата на Toddlers and Tiaras?
Ѕвездата на реалното шоу Toddlers and Tiaras, Алана Томпсон, позната како Хани Бу Бу (Honey Boo Boo) го освои светот во 2010-та година, кога мајка ѝ првпат ја однесе на детски избор за убавина. Иако имала неполни 6 години, Алана се однесувала како вистинска убавица и пленела со прекрасната насмевка.
Но, и покрај ведриот дух, смислата за хумор и огромната самодоверба, животот на Алана воопшто не бил лесен.
Продуцентите на шоуто воодушевени од Алана ѝ понудија да снима свое реално шоу „Here Comes Honey Boo Boo!“.
Шоуто беше скандалозно, а нејзината мајка Џун беше обвинета дека ѝ давала енергетски пијалаци на Алана за да изгледа повесело пред камерите. Таа тврдеше дека пијалакот не ѝ штетел на ќерка ѝ, а шоуто продолжи да се прикажува.
Американската јавност беше поделена. Едни уживаа да го гледаат шоуто за дисфункционалното, но симпатично семејство, а други сметаа дека шоуто злоупотребува деца за да заработува.
Уште поголем скандал беше кога мајката на Алана го остави сопругот и почна да живее со поранешното момче, Марк Мек Даниел, кој отслужил 10 години затвор поради обвинувања дека ја злоупотребувал најстарата ќерка на Џун.
По ова шоуто беше откажано.
И покрај тоа семејството остана во центарот на вниманието, а во 2017 година Мама Џун потпиша договор за ново реално шоу во кое се прикажуваше нејзината физичка трансформација и процесот на слабеење.
Иако делуваа среќни, тоа не беше крај на нивните проблеми.
Во 2019 година Џун беше уапсена за поседување наркотици и за напуштање на своите малолетни деца, па помина неколку месеци во затвор.
Таа подоцна призна дека потрошила околу 1 милион долари на кокаин, пари кои ги заработила Алана од реалното шоу. Според Џун, таа трошела и до 3.000 долари за наркотици.