„Шоуто ни е реално, без сценарио и филтри“ – Ким и Кендал беа мета на исмејување на Еми 2019 (видео)

На сцената на Еми наградите, Ким и Кендал си го опишаа шоуто како „реални луѓе кои си ги раскажуваат вистинските приказни без сценарио и филтри“ – публиката им се изнасмеа, а твитерџиите не им „простија“ за оваа изјава.

shouto-ni-e-realno-bez-scenario-i-filtri-kim-i-kendal-bea-meta-na-ismejuvanje-na-emi-2019-video-01.jpg

На 71-то издание на Еми наградите Ким Кардашијан и Кендал Џенер се качија на сцената за доделување награда, но направија еден кикс.

Двете изгледаа совршено и самоуверено, но публиката не го прифати добро нивниот „наивен“ коментар за Keeping Up with the Kardashians.

shouto-ni-e-realno-bez-scenario-i-filtri-kim-i-kendal-bea-meta-na-ismejuvanje-na-emi-2019-video-02.jpg

Зборувајќи за нивното реално шоу, Ким нејзиното семејство го претстави како обични, реални луѓе кои си го прикажуваат животот на свој, обичен начин, а Кендал ја дополни и додаде дека се луѓе кои си ги раскажуваат приказните, без филтри и без напишано сценарио...

Очекувано, публиката не остана рамнодушна на нивната изјава, па може да се забележи како се смеат, додека сестрите фокусирано продолжуваат со нивната задача.

Секако дека тие си ги раскажуваат своите приказни и ги претставуваат делумно реално своите животи, но не може да се каже дека го прикажуваат буквално секој сегмент, дека не преснимуваат по неколку пати или пак, дека сето тоа не е однапред договорено и испланирано.

Можат да бидат сè, но Кардашијанс дефинитивно не се само обични луѓе, а твитерџиите не пропуштија да го прокоментираат овој момент.

„Дали сериозно цела публика им се изнасмеа на Ким и Кендал?/Мислам дека не се шегуваа/Да не го заборавиме моментот кога цела публика им се смееше на Ким и Кендал“ се само дел од коментарите проследени со смешни фотки и гифови...

https://twitter.com/David_Onda/status/1175934969333649409?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.buzzfeed.com%2Fmarissamuller%2Fkim-kardashian-and-kendall-jenner-awkward-emmy-laugh

https://twitter.com/chadeverard/status/1175935738573139970


Погледнете и - Зендеја и Емилија Кларк се гламурозни заводнички – Најдобро облечените на Еми наградите 2019 (фото)

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...
Ќерката на Ким и Канје се гушка со маќеата, додека мама очајно бара помош да се справи со децата Најстарата ќерка на Ким и Канје, Норт, очигледно се поврзува со девојката на тат...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg