Зендеја и Емилија Кларк се гламурозни заводнички – Најдобро облечените на Еми наградите 2019 (фото)
- Детали
- понеделник, 23 септември 2019
Сезоната на црвениот тепих официјално започна - синоќа се одржа 71-вото доделување на Еми наградите во Лос Анџелес, Калифорнија.
Голем дел од најгледаните телевизиски серии беа номинирани во неколку категории, а познатата Game of Thrones имаше неверојатни 32 номинации.
Но покрај доделувањето, друг важен момент на настанот е и црвениот тепих. Секоја година, познатите се обидуваат да го дадат најдоброто од себе, па црвениот тепих е вистинска модна писта.
Емилија Кларк се појави во Valentino фустан достоен за Калиси.
Актерката Патриша Аркет докажа дека на овие настани, помалку е секогаш повеќе, a фустанот на Зендеја не остави никого рамнодушен.
Познатите личности навистина се потрудиле оваа година, а во продолжение погледнете некои од најдобро облечените:
Спирова С. | Црнобело