Скришно влегувал во палатата - Кој е Хаснат Кан, вистинската љубов на принцезата Дијана?
Смета дека Дијана била непочитувана
Ако има едно нешто за коешто Хаснат гласно зборува, тоа е во врска со односот на Велика Британија кон принцезата. Тој изјавил дека меморијалната фонтана не ѝ прави никаква чест.
Според него, фонтаната не е ни приближно доволно за да се слави толку голема личност.
Ја почитувал Дијана и верувал во нејзината работа
„Мислам дека таа направи многу за државата и за луѓето околу целиот свет – не само во Велика Британија, туку насекаде. Мислам дека тоа е важно“, изјавил тој.
Тој бил против снимањето на филмот „Diana“
Хаснат воопшто не го изгледал филмот од 2013-та, каде што ја гледаме Наоми Вотс како Дијана, а Навин Ендрус како Хаснат. Докторот смета дека филмот е направен само според претпоставки и озборувања.
Не ја гледал Дијана како принцеза
Хаснат изјавил дека во нивната врска, Дијана не била принцеза, а тој не бил доктор. Ја гледал како нормална личност со одлични квалитети и со некои лоши навики, како што е секој од нас.
Направил многу за да ја одржи врската
Не е лесно да имате афера кога сите очи на јавноста се вперени во вас, а Хаснат го знае тоа многу добро. Сепак, тој дал сè од себе за да ја одржи врската, дури и скришно влегувал во палатата во багажникот на автомобилот на Дијана.
На крај, успеал да ја најде својата љубов
Иако врската со Дијана и бракот со Хадија биле неуспешни, Хаснат успеал да ја пронајде својата љубов. Во 2017-та година се верил со Соми Сохали, жена многу помлада од него.
Еден негов пријател изјавил дека е многу среќен и дека не открив многу за Соми, но планирале да се венчаат и да имаат деца.
Прочитајте и Одеше по минско поле, допираше лепрозни: 19 причини зошто принцезата Дијана е ненадминлива!
Спирова С. | Црнобело