Скришно влегувал во палатата - Кој е Хаснат Кан, вистинската љубов на принцезата Дијана?
- Детали
- четврток, 01 август 2019
Сите знаат дека хирургот Хаснат Кан беше вистинската љубов на принцезата Дијана. Но, тој нема откриено речиси ништо за нивната врска.
Истовремено, малку се знае и за неговиот приватен живот.
Во продолжение погледнете што знае светот за оваа мистериозна личност:
Хаснат и денес е енигма
Поминаа повеќе од 20 години од трагичната смрт на принцезата Дијана, но приказната за нејзината врска со Хаснат како дури сега да излегува на површина.
За разлика од другите љубовници на принцезата, Хаснат не ја продал неговата приказна на медиумите, дури и покрај огромниот притисок што го чувствувал.
Направил речиси сè за да ја заштити својата приватност
Хаснат живеел во Велика Британија, каде и што работел како хирург кардиолог. Но кога започнала истрага за Дијана, тој се вратил во неговата родна земја – Пакистан.
Иако изјавил дека неговото враќање немало врска со истрагата, еднаш признал дека добил совет дека ако е во Пакистан, нема да можат да го викнат да сведочи.
Минатото со Дијана најверојатно му го уништило бракот
Во 2006-та година, доктор Кан се венчал со Хадија Шер Али и направиле голема муслиманска церемонија во Пакистан. Бракот бил договорен од нивните родители, но се распаднал после две години.
Иако Хаснат изјавил дека имало многу причини за неуспехот на бракот, еднаш спомнал дека последиците од несреќата на Дијана, како и истрагата, како да управувале со неговиот живот во тој период.
Не кажува зошто се разделиле со Дијана
Можеби Хаснат открива некои ситници во врска со Дијана, но не сака да каже зошто се разделиле. Изјавил дека никогаш нема да зборува за тоа.
Татко му смета дека ја знае причината
Таткото на Хаснат, Абдул Рашид Кан, изјавил дека Хаснат им кажал него и на мајка му дека врската била осудена на пропаст уште на почетокот. Причината биле нивните културолошки разлики.
Наводно, Хаснат изјавил дека ако се венчал со Дијана, бракот не би издржал ни година поради овие разлики. Тоа би било како брак од две различни планети.
Хаснат не открива ни како завршила врската
Некогаш Хаснат вели дека Дијана ѝ ставила крај на врската, а некогаш вели дека тој ја раскинал. Изгледа дека никогаш нема да ја дознаеме вистината.