„Непристојно за гледање“ – Најтажната принцеза на светот критикувана заради скандалозните фотки со нејзиниот 65-годишен принц
- Детали
- четврток, 02 ноември 2023
Се појавија гласини дека нивниот брак е чиста формалност, па принцезата на Монако, Шарлин се обиде да покаже дека е лудо вљубена во својот 20 години повозрасен принц. Но, според многумина, фотките на кои принцезата не ги одлепува рацете од него се „непријатни“ за гледање.
Пред неколку дена, Шарлин, принцезата од Монако, присуствуваше на Финалето на светкиот куп во рагби, заедно со нејзиниот сопруг, принцот Алберт, но според многумина фотките на кои се гледа како таа го прегрнува и со сите сили се обидува да покаже дека е вљубена, се само маска и обид да се залаже јавноста дека таа е среќна.
Принцезата која во изминатиот период привлекуваше внимание со својот тажен изглед и со тоа што се шпекулираше дека е сместена во психијатриска институција, сега се обидува да покаже колку многу е среќна и вљубена во својот 20-години постар принц, кого го тресеа скандалите со вонбрачните деца и неверствата.
Експертот за говор на тело Џуди Џејмс, за Daily Mail се обиде да ги протолкува најновите фотографии на кои се гледа збунувачки блискиот однос меѓу принцезата и принцот, каде се чини дека парот не може да ги одлепи рацете еден од друг.
Според неа, фотографиите се непристојни и непријатни за гледање, а се забележува дека принцезата е таа што презема иницијатива, додека нејзиниот сопруг само се труди да ги следи нејзините чекори.
„Најчесто Шарлин изгледа дека стои смирено, неподвижно како статуа и изгледа исклучено и тажно, со најтрагичен поглед, а ако се смее тоа е најчесто со сила.
Но, понекогаш, ретко, но драматично знае да започне со екстремна размена на нежности како што имавме можност да видиме овојпат“ – вели Џејмс.
Инаку, Шарлин најчесто се држи до кралскиот протокол и се труди да не покаже емоции, па затоа овие фотографии, може да се рече дека се скандалозни затоа што отстапуваат од правилата за јавно однесување што им се наметнати на кралските семејства.
Од друга страна, пак, тие се одговор на пишувањата на некои медиуми дека кралската двојка од Монако живее одвоени животи и дека принцезата целото свое време го поминува во Швајцарија.
Наводно, парот се појавувал заедно само за да не се дознае дека се разделени и нивниот брак е само чиста формалност.
Инаку, освен близнаците што принцот Алберт ги доби со Шарлин, се знае дека тој е татко на уште 3 вонбрачни деца кои го добил од аферите со други жени, а некои од нив биле зачнати додека бил во врска со убавата принцеза.
Се претпоставуваше дека кога Шарлин дознала за неговото трето вонбрачно дете се обидела да го напушти и да побегне од свадбата со него, но тој сосила ја вратил и заедно застанале пред олтар.
Заради фотографиите на кои плаче на денот на свадбата, таа го доби прекарот „најтажната принцеза во светот“, а извесен период беше отсутна од јавноста, по што се шпекулираше дека била сместена во психијатриска установа.
Прочитајте и Факти за најтажната принцеза на светот – гласини дека била сместена во ментална установа, сакала да побегне од свадбата
Б. С. Б. | Црнобело