Скришно влегувал во палатата - Кој е Хаснат Кан, вистинската љубов на принцезата Дијана?

Сите знаат дека хирургот Хаснат Кан беше вистинската љубов на принцезата Дијана. Но, тој нема откриено речиси ништо за нивната врска. 

koj-e-hasnat-kan-vistinskata-ljubov-na-princezata-dijana-01.jpg

Истовремено, малку се знае и за неговиот приватен живот.

Во продолжение погледнете што знае светот за оваа мистериозна личност:

Хаснат и денес е енигма

Поминаа повеќе од 20 години од трагичната смрт на принцезата Дијана, но приказната за нејзината врска со Хаснат како дури сега да излегува на површина.

За разлика од другите љубовници на принцезата, Хаснат не ја продал неговата приказна на медиумите, дури и покрај огромниот притисок што го чувствувал.

Направил речиси сè за да ја заштити својата приватност

Хаснат живеел во Велика Британија, каде и што работел како хирург кардиолог. Но кога започнала истрага за Дијана, тој се вратил во неговата родна земја – Пакистан.

Иако изјавил дека неговото враќање немало врска со истрагата, еднаш признал дека добил совет дека ако е во Пакистан, нема да можат да го викнат да сведочи.

koj-e-hasnat-kan-vistinskata-ljubov-na-princezata-dijana-02.jpg

Минатото со Дијана најверојатно му го уништило бракот

Во 2006-та година, доктор Кан се венчал со Хадија Шер Али и направиле голема муслиманска церемонија во Пакистан. Бракот бил договорен од нивните родители, но се распаднал после две години.

Иако Хаснат изјавил дека имало многу причини за неуспехот на бракот, еднаш спомнал дека последиците од несреќата на Дијана, како и истрагата, како да управувале со неговиот живот во тој период.

Не кажува зошто се разделиле со Дијана

Можеби Хаснат открива некои ситници во врска со Дијана, но не сака да каже зошто се разделиле. Изјавил дека никогаш нема да зборува за тоа.

koj-e-hasnat-kan-vistinskata-ljubov-na-princezata-dijana-03.jpg

Татко му смета дека ја знае причината

Таткото на Хаснат, Абдул Рашид Кан, изјавил дека Хаснат им кажал него и на мајка му дека врската била осудена на пропаст уште на почетокот. Причината биле нивните културолошки разлики.

Наводно, Хаснат изјавил дека ако се венчал со Дијана, бракот не би издржал ни година поради овие разлики. Тоа би било како брак од две различни планети.

Хаснат не открива ни како завршила врската

Некогаш Хаснат вели дека Дијана ѝ ставила крај на врската, а некогаш вели дека тој ја раскинал. Изгледа дека никогаш нема да ја дознаеме вистината.

koj-e-hasnat-kan-vistinskata-ljubov-na-princezata-dijana-04.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Обожавал 14-годишни девици, сакал да гледа парови додека водат љубов: Сите фетиши на Елвис Присли Кралот на рокенролот, Елвис Присли, живеел развратен живот. Најмногу сакал девиц...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
„Непристојно за гледање“ – Најтажната принцеза на светот критикувана заради скандалозните фотки со н... Се појавија гласини дека нивниот брак е чиста формалност, па принцезата на Монак...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg