Полубратот на Меган Маркл повторно „плука“ по неа: „Таа ќе се откаже и од мајка ѝ Дориа“
- Детали
- понеделник, 29 јули 2019
„Се надевам дека еден ден ќе бидеш доволно мудра да се отвориш и да го пуштиш своето семејство во твојот живот и во животот на бебето Арчи.“
Полубратот на Меган Маркл, Томас Маркл Џуниор, со кого таа не контактира со години, сега повторно се појави во медиумите со изјави за неа.
Тој порачува дека кралицата Елизабета и принцот Чарлс треба да се вмешаат и на сопругата на принцот Хари (Меган) да ѝ кажат да го среди односот со нејзиниот татко.
Тој упати апел и до Меган директно:
„Сега си мајка, се надевам дека созреа доволно за да сфатиш дека семејството е многу важно.“
Томас откри дека се плаши дека наредно Меган од животот ќе ја отсече мајка си Дориа. „Таа добива само по некој заеднички минат ден со неа од време навреме и тоа е сè. Тоа е најверојатно следната семејна врска што ќе ја упропасти Меган“.
Томас открива дека како семејство се плашат дека нема да ја видат Меган никогаш повеќе, ниту да го запознаат нејзиниот син Арчи.
Инаку, Меган се нема видено со нејзиниот татко откако тој за пари исценира фотографии пред кралската свадба. Потоа беше кажано дека наводно поради проблеми со здравјето не ја испратил до олтарот.
Полубратот ја искритикува сестра си што потрошила толку голема сума државни пари за реновација на домот со Хари и порача дека ниту тој, ниту татко му повеќе не ја познаваат оваа Меган.
Потоа додава:
„Се надевам дека еден ден ќе бидеш доволно мудра да се отвориш и да го пуштиш своето семејство во твојот живот и во животот на бебето Арчи.“
Прочитајте и Исповед на таткото на Меган Маркл: „Ме боли што не присуствував на свадбата на ќерка ми“!
С. С. | Црнобело