Исповед на таткото на Меган Маркл: „Ме боли што не присуствував на свадбата на ќерка ми“
- Детали
- понеделник, 18 јуни 2018
73-годишниот татко на Војвотката од Сасекс постојано привлекува медиумско внимание на себе.
Томас Маркл конечно го прекина молкот за неговото неприсуство на свадбата на ќерка му Меган Маркл со принцот Хари. 73-годишниот Маркл вели дека жали затоа што не ја испратил Меган до олтарот, но му е мило што нејзината свадба била еден од најголемите моменти во историјата.
Томас откри дека во неколку пригоди разговарал телефонски со принцот Хари, кога тој се јавил за да ја побара раката на Меган, и откри дека единствената работа која ја побарал од Хари е никогаш да не крева рака на неговата ќерка.
„Ти си кавалер, вети ми дека никогаш нема да кренеш рака на неа и го имаш мојот благослов.“
Томас во интервјуто откри дека му е благодарен на принцот Чарлс што ја испратил неговата ќерка до олтарот на големиот ден и дека бил малку љубоморен кога го гледал тоа од неговиот мал стан.
Во емисијата Good Morning Britain тој изјави:
„Беше прекрасна. Плачев малку додека ја гледав. Бев многу горд и не сум видел поубав миг во мојот живот, целиот свет ја гледаше мојата ќерка.
Несреќната работа е што јас сум само „фуснота“ на еден од најголемите настани во историјата, наместо татко кој ја испраќа ќерка си до олтарот. Тоа беше многу емотивен момент, жалев затоа што навистина сакав да бидам таму. Но, благодарен сум како помина сè.“
Не можам да замислам подобра замена за мене од принцот Чарлс. Тој изгледаше одлично. Бев љубоморен, посакував да сум јас таму, но благодарен сум му што беше таму.“
Томас во интервјуто се извини и за исценираните папарацо фотографии во медиумите за пари и вели дека не сакал повеќе да ја срами ќерка си. Исто така, потврди дека токму пред свадбата имал срцев удар, завршил во болница и морал да остане во Мексико.
С. С. | Црнобело