Тажните слики се лажни: Како татко ѝ си поигра со чувствата на Меган Маркл?
- Детали
- понеделник, 14 мај 2018
Од ден во ден, господинот Томас Маркл ги собираше симпатиите на светот, откако во јавноста почнаа да се појавуваат папарацо фотки од неговите припреми за големата свадба. А, вистината била сосема поинаква. За жал.
Нема човек што не го натажи веста дека таткото на Меган Маркл чита за кралската свадба во интернет кафе, и сè уште не го запознал Хари. Бидејќи е извесно дека тој ќе ја испрати невестата до олтарот, многумина претпоставуваа дека навистина сака навреме да се подготви за тоа она го очекува.
Само неколку дена пред свадбата на ќерка си, Томас Маркл (73) беше забележан како во близина на неговиот дом во Мексико, чита вести за кралската свадба во интернет кафе. Со својот иден зет, наводно се слушнал само телефонски. Жално, нели?
Во деновите што следуваа, пак, страниците на весниците ги полнеа слични емотивни сцени. Сакајќи да изгледа што подобро на големиот настан, Маркл одлучи да „вежба“, како би ја намалил телесната тежина. Предоцна, би рекле циниците, но на мноштво емпатични луѓе им беше сладок и таквиот гест од еден родител.
Потоа, публиката беше во можност да види и како на господинот му земаат мерки за свадбеното одело кај локален кројач, па дел од луѓето си направија паралела помеѓу скапите и раскошни креации што ќе ги носат членовите на британската монархија, наспроти „кутриот“ сиромашен татко на Меган Маркл.
На крајот, емоциите доживеаа кулминација кога тој беше „уловен“ како држи енциклопедија од британското кралство во рацете, трудејќи се да прочита и дознае повеќе детали за земјата каде неговата ќерка ќе живее, а и тој набрзо ќе гостува. И сѐ звучеше трогателно – до вчерашниот ден.
Имено, весникот Daily Mail со докази ја разоткри измамата на Томас Маркл. Фотките не се реални, ниту спонтани, а ни случајно направени. Напротив. Секоја од нив е испланирана, исценирана и испозирана. Дури ни кројачот не е вистински кројач, туку вработен во продавница, кого тој го почестил со напојница за услугата. Зошто?
Бидејќи од споменатите лажни слики, на таткото на Меган Маркл му се смешка заработка од 100.000 фунти. Сѐ било договор помеѓу него и фотографот Џеф Рајнер, а дел од британските медиуми наседнаа на трикот, па ги споделија како автентични папарацо фотографии.
Од Кензингтонската палата се недостапни за коментар на случајот, ама сигурно дека на Меган не и е воопшто мило поради скандалот. Таа лично инсистираше на максимална приватност, кога е во прашање нејзината венчавка со Хари. Ќе смогне ли сили да му прости на татка си, бидејќи си поигра на ваков начин со нејзините, но и туѓите чувства?
До свадбата остануваат само неколку дена – па, допрва ќе видиме. Како вие го коментирате неговиот потег?
М. А. | Црнобело