Таткото на Меган Маркл чита за кралската свадба во интернет кафе - сè уште не го запознал Хари
- Детали
- среда, 09 мај 2018
Свадбата на неговата ќерка е наскоро, а тој сè уште се нема запознаено со идниот зет, принцот Хари.
Само 10 дена пред свадбата на ќерка си, Томас Маркл (73) е забележан како во близина на неговиот дом во Мексико во интернет кафе чита вести за кралската свадба.
Иако, неговата ќерка Меган Маркл наскоро ќе стапне на лудиот камен, тој сè уште не го запознал принцот Хари.
Се претпоставува дека Томас ќе ја испрати својата ќерка до олтарот, па сака навреме да се подготви за тоа што го очекува.
Нејзините родители се одамна разведени, но на свадбата ќе присуствува и нејзината мајка Дориа, со која Меган има многу силна врска.
Засега Томас и принцот Хари имаат зборувано само преку телефон.
Таткото на Меган во интернет кафе во близина на неговиот дом:
Прочитајте и како семејството на Меган Маркл може да остави црна дамка на кралската свадба!
С. С. | Црнобело