15 филмски ѕвезди кои не можеле да ги поднесат своите улоги
Стивен Дилејн: Станис Баратеон во Game of Thrones
Не само што не го сака својот лик, туку Стивен ја мрази и целата серија. Причината е што серијата била премногу брутална за него. Изјавил дека не можел да сфати што се случува и која била целта на сцените.
Кетрин Хејгл: Алисон Скот во Knocked Up
Кетрин признала дека ѝ било тешко да го сака филмот, бидејќи не ѝ се допаѓал начинот на којшто се прикажани жените во него. Таа смета дека мажите се претставени како позитивни и смешни, додека жените се ладни.
Џенифер Гарнер: Електра во Elektra
Единствената причина зошто Џенифер ја прифатила оваа улога е тоа што улогата била во нејзиниот договор за Daredevil. Уште на почетокот сметала дека филмот е ужасен, па не е ни чудно што не можела да се поврзи со својот лик.
Џесика Алба: Су Сторм во Fantastic Four
Џесика била навистина незадоволна додека работела на филмот бидејќи таа и режисерот имале различна замисла за нејзиниот лик. Имено, целото ова искуство дури ја натерало да размисли да се откажи од глумењето. Режисерот барал од неа да „биде убава додека плаче“ и да не прави гримаси, бидејќи солзите биле додавани со специјални ефекти.
Џорџ Клуни: Бетмен во Batman & Robin
Џорџ дефинитивно зажалил што ја прифатил улогата на Бетмен. Тој смета дека овој филм ја уништил целата франшиза, па неретко се извинува за тоа.
Кристофер Пламер: Капетан вон Трап во The Sound of Music
Еден од најпопуларните филмови во САД бил презиран од Кристофер. Тој воопшто не го сакал својот лик и изјавил дека бил навистина здодевен.
Џосеф Гордон Левит: Том во (500) Days of Summer
Актерот имал многу поразлична замисла за неговиот лик од она што го гледаме во крајниот резултат. Џосеф смета дека Том е себичен, дека е опседнат со девојката и дека на неа ги проектира сите негови лични очекувања. Според него, Том воопшто не е добро момче.
Спирова С. | Црнобело