15 филмски ѕвезди кои не можеле да ги поднесат своите улоги
- Детали
- сабота, 03 август 2019
Секој барем еднаш посакал да биде филмска ѕвезда, па неретко мислиме дека работата на актерите и актерките е совршена. Но, ниту во Холивуд не е сè така розово, па и актерите се соочуваат со незадоволство на работното место и понекогаш вистински ги мразат своите улоги.
Погледнете некои од актерите и актерките кои не можат да поднесат некои од нивните (можеби најпознати) улоги.
Роберт Патинсон: Едвард Кулен во Twilight
Роберт е можеби актерот кој најмногу ја мрази својата улога. Изјавил дека се чувствувал како воопшто да не напредува додека ја снимал филмската сага. Тој смета дека ликот на Едвард е навистина смешен и колку повеќе го читал сценариото, толку повеќе го мразел.
Еванџелин Лили: Кејт Остен во Lost
Еванџелин изјавила дека иако на почетокот ликот на Кејт бил интересен, со текот на времето станал предвидлив и непријатен. На актерката не ѝ се допаѓало што од независен и интересен лик, Кејт се претворила во жена која само бркала двајца мажи околу островот.
Алек Гинис: Оби-Ван Кеноби во Star Wars
Додека ги снимал познатите филмови, во својот дневник Алек запишал: „Освен парите, жалам што се вклучив во филмот.“ Колку и да ви звучи неверојатно, Алек воопшто не бил фан на филмовите. Не му се допаѓале дијалозите на неговиот лик бидејќи правеле да се чувствува навистина старо.
Шон Конери: Џејмс Бонд
Без сомнение, токму оваа улога му донесе слава и пари на Шон, но тој засекогаш остана поврзуван со неа. Шон смета дека неговиот лик никогаш не се развил и изјавил дека секогаш ќе го мрази Џејмс Бонд, па дури и би сакал да го убие.
Хали Бери: Кетвоман во Catwoman
Хали толку многу го мрази овој лик, што се појавила да ја подигне наградата за најлоша актерка што ја заработила со оваа улога. Притоа му се заблагодарила на студиото Warner Bros. што ја ставиле во овој „ужасен“ филм.
Меган Фокс: Микаела Бејнс во Transformers
Меган всушност не го мрази својот лик, туку начинот на којшто е прикажан. Неколку пати изјавила дека целта не било глумењето, туку сексуализирањето на Микаела. Притоа споделила дека најчестата инструкција што ја добивала од режисерите била „Биди жешка.“
Блејк Лајвли: Серена ван дер Вудсен во Gossip Girl
Блејк постојано нагласува дека е многу поразлична од ликот по кој е најпрепознатлива. Има изјавено дека не би била горда доколку би била личност како Серена и смета дека овој лик не е пример за младите девојчиња.
Џејми Дорнан: Кристијан Греј во Fifty Shades of Grey
И Џејми има изјавено дека е многу поразличен од Кристијан. Но, не го осудувал ликот за неговата опсесија, туку само смета дека никогаш не би се согласувал со таква личност.