Анџелина Џоли сакала да организира погреби: Чудни факти и тајни за славните
Двејн Џонсон
Боречките вештини се дел од семејството на Двејн. Неговата баба, Лиа Маивиа, била една од првите жени што го промовирале борењето.
Леонардо Ди Каприо
Името на Леонардо потекнува од познатиот уметник Леонард да Винчи. Кога мајка му била бремена, прв пат го почувствувала неговото клоцање во стомакот кога стоела пред слика на Да Винчи.
Анџелина Џоли
Анџелина отсекогаш била заинтересирана за мрачните нешта во животот. Како дете, на сите им кажувала дека сака да биде организатор на погреби.
Рајана
Во нејзината родна земја, Барбадос, денес постои Ден на Рајана, каде што сите се собираат и танцуваат на нејзините песни.
Аријана Гранде
Името на Аријана било инспирирано од лик од цртаниот Felix The Cat. Интересно е што таа е алергична на мачки.
Крис Прат
Еднаш Крис Прат ѝ дал парче бетон на својата учителка и се обидел да ја убеди дека е дел од Берлинскиот ѕид.
Спирова С. | Црнобело