Арчи спие во соба од 55.000 евра: Колку чини да си син на Меган и Хари?
Креветче: 330 евра
Арчи спие во еколошко, нетоксично креветче направено од борово дрво. Креветчето е тестирано за над 10.000 потенцијално опасни хемикалии.
Плишано мече: 220 евра
Само неколку денови после раѓањето на Арчи, во домот на Хари и Меган пристигна комбе од продавницата за играчки WJ Daniel & Co.
Од продавницата, се разбира, не откриле што однеле во домот на кралското семејство, но кај нив можете да најдете голем број плишани играчки, вклучувајќи го и ова мече од 220 евра.
Играчка за правење меури од сапуница: 260 евра
Се верува дека Пријанка Чопра, пријателката на Меган, има испратено сребрена играчка за правење меури од сапуница од компанијата Tiffany & Co.
Шал: 170 евра
На неговото прво појавување во јавноста, Арчи носеше шал од мерино волна од компанијата GH Hurt & Son. Оваа компанија го снабдува кралското семејство уште од раѓањето на принцот Чарлс во 1948-ма година.
Спирова С. | Црнобело