Арчи спие во соба од 55.000 евра: Колку чини да си син на Меган и Хари?
- Детали
- вторник, 16 јули 2019
Со возраст од само два месеци, малиот Арчи ужива во луксуз којшто за повеќето од нас е дури незамислив, иако неговите родители беа одлучни нивниот син да има што е можно „понормален“ живот.
Најновиот член на кралското семејство веќе спие на креветче што чини 27.000 евра, а се вози во количка од 1.200 евра.
Според биографката на кралското семејство, Ингрид Суард: „Нормалноста никогаш не е лесна цел за членовите од кралското семејство. Родителите на Арчи, војводата и војвотката од Сасекс, имаат богати пријатели што ќе го разгалуваат со богати подароци. Тој нема да носи облека од Primark, тоа е сигурно. Ниту пак ќе оди во шопинг со мајка му во локалниот супермаркет.“
Па колку всушност чини да си кралско бебе? Поконкретно, Арчи?
Подготовки за бебето: 630.000 евра
Забавата на Меган за пречекување на малиот Арчи чинеше 167.000 евра. Исто така, Меган имала и „бебешки меден месец“ во луксузниот спа хотел Heckfield Palace во Хемпшир што чинел 36.000 евра.
Трудничката облека на Меган чинела неверојатни 420.000 евра.
Породување: Од 16.000 евра, па нагоре
Арчи беше роден во приватна болница во Лондон, каде што породувањето чини од 16.000 евра, па нагоре. Во истата болница се породила и Викторија Бекам.
Детска соба: Околу 55.000 евра
Собата на Арчи е офарбана со веганска боја направена од масло од еукалиптус и рузмарин, а една канта чини 45 евра.
Собата е опремена и со безбедносни камери, стерео систем, амбиентално светло и огромен екран од 27.000 евра на кој се прикажуваат смирувачки слики.