Прва „кралска“ средба помеѓу Меган Маркл и Бијонсе на премиера на The Lion King (фото)
- Детали
- понеделник, 15 јули 2019
„Средба помеѓу американското и британското кралско семејство“ – така многумина ја нарекоа средбата помеѓу војвотката Меган и кралицата Бијонсе, на премиерата на The Lion King.
На британската премиера на The Lion King, Бијонсе, која го позајмува гласот на Нала, се појави заедно со Џеј Зи.
Пејачката ги привлече сите погледи со нејзиниот аутфит – таа се појави во жолт фустан со висок шлиц и длабоко деколте.
Принцот Хари и Меган Маркл исто така присуствуваа на премиерата, а моментот кој го одбележа настанот е средбата помеѓу Меган Маркл и Бијонсе.
https://www.instagram.com/p/Bz6YJvGF9wK/?utm_source=ig_embed
Војвотката и пејачката се прегрнаа, поразговараа за Арчи, а Бијонсе им сподели и неколку совети на „тазе“ родителите, порачувајќи им секогаш да наоѓаат време за себе.
https://www.youtube.com/watch?v=48sVVKf5MJ8
За нивната средба многумина велат дека е моќна, нарекувајќи ги две кралици кои конечно се сретнаа.
Како изгледа средбата помеѓу британското и американското „кралско“ семејство + фотки од премиерата од двата пара:
M. M. | Црнобело