Ева Лонгорија со сопругот и синчето го продолжи одморот во Марбеља, Шпанија (фото)
- Детали
- среда, 10 јули 2019
Откако уживаше со семејството неколку дена во Барселона, Лонгорија го продолжи одморот во Марбеља, Шпанија.
Ева Лонгорија решила периодов да се посвети на семејството, па заедничкото време го поминуваат на одмор во Шпанија.
Откако уживаа во убавините на Барселона, заедно со сопругот и синчето тие го продолжија одморот во Марбеља, нејзината омилена дестинација, каде го помина одморот и минатата година.
44-годишната мајка го покажа згодното тело на плажа, додека се шеташе со синчето, облечена во бело монокини и шешир.
https://www.instagram.com/p/Bzsje3DHXpw/
Среќните родители се радувале на првите чекори на нивното синче направени на плажа во Марбеља, а подоцна биле забележани на вечера во Стариот град Марбеља.
Ева Лонгорија на одмор во Марбеља:
М. М. | Црнобело