Колку ќе го чини Алекс Родригез ако ја изневери Џенифер Лопез?
- Детали
- четврток, 04 јули 2019
49-годишната пејачка и глумица одлучи да се позанимава со можната прељуба на идниот сопруг во бракот, одредувајќи парична казна која ќе биде должен да ѝ ја плати.
Џенифер Лопез и Алекс Родригез наскоро треба да се венчаат. Латино дивата веќе има три пропаднати бракови позади себе, како и повеќе неуспешни врски.
Се има соочено и со неверства. Од друга страна, се чини дека конечно ја најде вистинската среќа во прегратките на поранешниот бејзбол играч.
Меѓутоа, нејзиниот емотивен партнер не може да се пофали со беспрекорна репутација во минатото. Поучена од лошите искуства, разбирливо е што ѕвездата решила дополнително да се осигура со клаузула во нивниот предбрачен договор.
Според оваа точка, за потврден случај на прељуба, Алекс Родригез ќе мора да ѝ плати казна на Џенифер Лопез во износ од два милиони долари. Младоженецот наводно го сметал ваквото барање за навредливо.
Затоа, пак, ѝ понудил на идната невеста да плаќа два милиони долари за секоја година верност во бракот. Таа не го одобрила предлогот, изјавувајќи дека не планира да застане пред олтарот, додека тој не го потпише договорот, пренесува магазинот InStyle.
Иако подолго време се заедно, ѕвездата уште не е цврсто убедена дека плејбојот се има целосно смирено. Стравува дека може да падне во искушение дури е отсутна, поради што ангажирала тим од четири луѓе кои деноноќно го следат, кога е на турнеи и концерти во странство, извести порталот RadarOnline.
Двојката се вери во март годинава, кога Алекс Родригез ја запроси Џенифер Лопез со огромен дијамантски прстен, по две години врска. Месец дена подоцна, таа лично ги негираше гласините за наводни неверства од негова страна.
Се сложувате ли со нејзиниот предбрачен услов? И што мислите за сумата?
М. А. | Црнобело