„Јас знам која е вистината“ - Џеј Ло негира дека Алекс Родригез ја изневерил
- Детали
- четврток, 11 април 2019
Џенифер Лопез го прекина молкот на тема гласините за неверствата на Алекс Родригез.
Во интервју Џеј Ло жестоко го бранеше својот свршеник.
На тема гласините за неверствата на Алекс Родригез таа изјави:
„Не е важно, јас знам која е вистината. Знам кој е Алекс. Знам која сум јас. Ние сме среќни.
Нема да дозволиме други луѓе да ни кажуваат каква е нашата врска. Јас знам каква е нашата врска.
Се сакаме еден со друг. Имаме многу љубов, почит и восхит еден за друг и тоа е прекрасно. Исто така, никогаш не сум била со некој кој ми дозволувал да бидам „Џеј Ло во полн сјај“, некој што ме правел навистина среќа. Тој е во стилот „Само напред душо,можеш!“
Прочитајте и Како врската на Џеј Ло со Алекс Родригез се разликуваше од сите нејзини претходни романси?
С. С. | Црнобело