Закажуваат термин за повеќе време со мајка си: Како живеат децата на Џенифер Лопез?

Иако себеси не се доживува како „нормален“ родител, според начинот на кој ги воспитува близнаците Макс и Ема, латино дивата изненадувачки добро се снаоѓа во најважната улога.

zakazhuvaat-temin-za-povekje-vreme-so-majka-si-kako-zhiveat-decata-na-djenifer-lopez-1.png

Ѕвездата признава дека синот и ќерката се нејзинот спас, бидејќи тие ја имаат вратено во живот. Ги доби во бракот со поранешниот сопруг Марк Ентони и денес имаат 11 години.

Таа е пејачка, актерка, танчарка и дизајнерка со огромна популарност, па наследниците од мали нозе ги одгледува под будното око на јавноста.

zakazhuvaat-temin-za-povekje-vreme-so-majka-si-kako-zhiveat-decata-na-djenifer-lopez-2.jpg

Еве како живеат децата на Џенифер Лопез:

1. Таа не може секогаш да им посвети време.

Латино дивата е мајка на која денот ѝ е полн со работни обврски. До толкава мера е ангажирана, што призна дека нејзините деца честопати мора да ѝ напишат порака. Да закажат термин, па таа да најде слободно време во распоредот.

„Секогаш ми се на прво место. Ама, знаат и тие дека сум презафатена. Синот неделава ми рече дека сака да закажеме термин за пикник, бидејќи забележал дека премногу работам. Претходно беше со мене во Њујорк, но сепак му недостасувало да минеме повеќе време заедно. Јас се согласив.“

zakazhuvaat-temin-za-povekje-vreme-so-majka-si-kako-zhiveat-decata-na-djenifer-lopez-3.jpg

2. Ѕвездата не е опседната со контрола на децата.

Многу родители од чекор во чекор ги следат потезите на своите малечки. Џенифер Лопез, пак, има поинаква животна филозофија. Не е претерано заштитнички настроена кон нив, намерно допуштајќи Maкс и Ема да направат грешка.

„Јас сум мајка што си ги љуби децата. Меѓутоа, сакам да бидат свесни каков свет ги опкружува. Да научат од личниот пример. Напорно работам. Мора и тие да се потрудат.“

zakazhuvaat-temin-za-povekje-vreme-so-majka-si-kako-zhiveat-decata-na-djenifer-lopez-4.png

3. Mора да ја следат мајка си на сите важни настани.

Децата на латино дивата не може да ја преспијат саботната вечер, ако истата ноќ се одржува доделување на награди, каде нивната мајка ќе добие признание за најдобра пејачка, актерка, дизајнерка, па дури и писателка.

Близнаците мора да се присутни, бидејќи нејзиниот успех се претвара во едно големо фамилијарно славје. Всушност, иако се релативно мали, веќе се навикнати да се дотеруваат и ја придружуваат ѕвездата на црвениот тепих.

А, таа им се оддолжува со прегратки и бакнежи пред да се качи и да го одржи победничкиот говор на сцената.

zakazhuvaat-temin-za-povekje-vreme-so-majka-si-kako-zhiveat-decata-na-djenifer-lopez-5.png

4. Децата на латино дивата не јадат брза храна.

Наследниците на пејачката имаат посебен режим на исхрана, каде за нездравите намирници нема место на трпезата. За разлика од мноштво други деца, близнаците најчесто јадат овошје и зеленчук. Единствената „отстапка“ е сладоледот.

„Станав веган за да го изгубам вишокот килограми по породувањето. Оттогаш и децата се трудам да ги хранам на истиот начин. На почеток ми беше предизвик, ама сите мора да внимаваат што јадат, како и да вежбаат.“

zakazhuvaat-temin-za-povekje-vreme-so-majka-si-kako-zhiveat-decata-na-djenifer-lopez-6.jpg

5. Не ѝ дозволува на ќерката да се шминка.

Иако ѝ се на дофат од раката најскапите кармини, сенки и руменила, единаесетгодишната Ема има забрана од мајка си да користи шминка. Нејзиниот изглед е целосно природен и примерен на возраста. А, според правилата на пејачката, така и ќе остане уште извесен период.

Џенифер Лопез не сака нејзината малечка да порасне предвремено, па засега единствено ѝ дозволува да ја набљудува неа додека визажистите ја подготвуваат за гламурозните настапи.

И за волја на вистината, таа е една од ретките славни родители на кои ова им е суштински важно.

zakazhuvaat-temin-za-povekje-vreme-so-majka-si-kako-zhiveat-decata-na-djenifer-lopez-7.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg