Тајни за успехот на Крис Хемсворт – навики кои може да ги „позајмите“ од него
- Детали
- вторник, 25 јуни 2019
Навистина е тешко да не го сакате Крис Хемсворт. Дури и кога не е во најдобра физичка форма, како на пример за улогата на Тор, тој сепак е неверојатен актер.
Кариерата на Крис започнала во неговата родна Австралија кога почнал да се појавува во серијата Home and Away. Потоа се прослави со ликот на Тор во филмовите на Марвел, но го видовме и во неколку трилери и фантазии како The Cabin in the Woods, Snow White and the Huntsman и Rush.
Кога не ја воодушевува публиката, Крис е татко на три деца кој со задоволство раскажува за љубовта на неговиот живот – сопругата Елса Патаки, врската со неговите деца, врската со неговите познати браќа и како наоѓа рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.
Во продолжение погледнете ги секојдневните навики на Крис што можеби ќе ве изненадат, но можеби ќе ви се најдат и вам.
Ја третира работата како бејзбол
Кога Крис ја започнувал неговата кариера и имал по некоја аудиција, го прашал татко му дали некогаш ќе види некаков плод. Одговорот на татко му бил: „Искрено, веројатно никогаш“.
Дури и без самодоверба, тој решил дека сака да биде пример за луѓето кои и покрај сè, успеале.
„Бев навистина активен со аудиции. Тогаш во тој период од 8 месеци станував поанксиозен, до степен каде што не можев да ја користам таа енергија. Се обидував да се убедам дека не сум нервозен пред аудиција наместо да се држам до тоа“, изјавил Крис.
Кога веќе размислувал да се откаже, решил да отиде на уште една аудиција пред да си замине во Австралија.
„Тоа беше аудиција за The Cabin in the Woods и ја добив таа работа. Потоа ја добив улогата во Red Dawn, а потоа го добив ликот на Тор.“
Денес Крис им пристапувал на аудициите како бејзбол играч – ја зема палката, удира најдобро што може и продолжува на следната игра.
„Не можете да размислувате за последното. Оттаму потекнува стравот и мислите дека сè зависи од тој еден момент. Но, ниту еден момент не го дефинира вашето патување. Постојат толку многу комплицирани делчиња од сложувалката.“
Секогаш останува свој
Се разбира, имало многу грешки, неуспеси и сомнежи, но Крис конечно сфатил дека за да стане успешен, мора да биде само свој.
„Научив да бидам само свој. Кога го сфатив тоа, нештата почнуваа да се менуваат. Се чувствував посреќно и работата ми одеше подобро.“
Со ова новооткриена самодоверба, тој сфатил колку всушност има да понуди.
„Интересно е да имате луѓе кои ве инспирираат, кои ви се херои. Но ако го имитирате тоа, вие не сте искрени со вас. Можете да им дозволите на овие луѓе да ви бидат инспирација, но вистинската работа лежи во тоа кој сум всушност јас.“
Стравот од здодевност го мотивира
Бидејќи е љубопитен а новите предизвици му ги полнат батериите, Крис има вистински страв од здодевност. Имено, токму оваа анксиозност го инспирирала да стане актер.
„Се случуваат толку многу нешта, разни опкружувања, разни движења, разни луѓе, па интересно ми е. Она што ме плашеше најмногу е тоа што не сакам да го правам истото нешто секој ден.
Не сакав да ја мразам мојата работа кога ќе пораснам. Многу луѓе околу мене ми велеа дека тоа е секогаш така и така ќе остане. Мислам дека тоа ме мотивира, тој страв ме тера да учам нови нешта.“
Благодарен е за чекањето
Веројатно веќе сте слушнале дека сè што вреди, нема туку-така да ви падне во раце. Всушност, сите ваши искуства и лекции ве подготвуваат за животот што навистина го сакате. Крис го сфатил ова, и тој е благодарен за целото чекање.
„Никој не ми обрнуваше премногу внимание, што беше одлично. Додека стигнав во Холивуд си реков: Сега е време за работа и знам зошто го сакам ова. На некој начин, добив шанса да почнам одново.“
Се фокусира само на една цел
Многу лидери и успешни луѓе споделуваат дека постигнале најмногу кога се фокусирале на едно нешто. Фокусот на Крис бил еден – да прави филмови. За ова бил инспириран од разговор што го водел со Том Круз.
„Само сакам луѓето да ги гледаат моите филмови. Не сакам да вложам толку многу крв, пот и солзи, а сето тоа да се заборави.“
Во едно интервју Крис изјавил дека навистина го сака театарското искуство и сака да го подели со другите.
„Мислам дека нема ништо како тоа, а индустријата ќе се промени многу доколку не ги натераме луѓето да одат во кино.“
Спирова С. | Црнобело