Дали Меган Маркл направила промени на вереничкиот прстен?
- Детали
- понеделник, 24 јуни 2019
Кога Меган и Хари ја објавија свршувачката во ноември 2017-та, сите очи беа вперени во нив и прстенот кој тој го одбрал.
Но, 2 години подоцна, сите забележаа промени во прстенот кој Меган го носеше за роденденот на кралицата Елизабета.
Дали Меган решила да го коригира вереничкиот прстен по нејзин вкус?
Оригиналниот прстен беше од жолто злато и имаше еден голем дијамант од Боцвана, каде што парот заедно беше на патување, и два помали дијаманти од колекцијата на принцезата Дијана.
Но, новиот кој беше забележан на раката на Меган имаше ситни дијаманти по целата површина.
По породувањето, Меган Маркл носи и трет прстен на истиот прст, кој принцот Хари ѝ го подарил. Покриен е со дијаманти и симболизира бесконечност.
М. Д. | Црнобело